Tuesday, May 10, 2016

Сибирските хаски се многу слични со маламутите од Аљаска, како и со други Шпиц раси како самојад, кој пак има споредлива историја во однос на хаските.



Сибрски хаски и Аљаски маламут






Сибирски хаски и самојад




Изглед на Сибирски хаски

Сибирските хаски ги има во различни бои и стилови, обично со бели шепи и нозе, со обележја на лице и на врвот на опашката. Најчесто застапени бои се бела и црна, црвенишкави или бели, сиви и бели, чисто бели, или пак шарени. Карактеристични се и гримасите на нивните лица. На прв поглед наликуваат на волк.

ОЧИ
Очите на сибирските хаски се ледено-плави, темно плави,килибар или кафени. Кај некои кучиња, едното око може да биде кафено а другото сино или пак едното или двете очи може да бидат „делумно обоени“ т.е. пола кафено- пола сино.Сите вакви комбинации на очи се прифатени од страна на америкнаскиот кучешки клуб, во кој исто така се наведува дека очите им се во форма на бадем.

КРЗНО
Крзното на сибирската хаска е подебело за разлика од другите видови на кучиња и е составено од два слоја: Густ долна основа, додека горниот слој им е покриен со кратки,прави влакна. Тоа го штити кучето од суровите арктички зими, но крзното рефлектира топлина и во лето. Може да издржи температура и до −50 °C и −60 °C. Крзното бара внимателно одгледување, бидејќи долгите влакна кај сибирските хаски претставуваат голема негативност, особено кај кучињата за изложби.

НОС
Во некои случаи, кај хаските се појавува состојба која е позната под името „зимски или снежен нос“. Или пак хипопигментација . Во ваквата состојба, не може да се забележи носот, дали е истакнат или сплескан. Носот кај сивите хаски е црн, кафен кај црните.

ГОЛЕМИНА
Стандардната големина на мажјаците иснесува помеѓу 53 и 60цм, а тежината од 20 до 27 кг. Женките се помали и нивната големина изнесува од 51 до 56 цм, а тежина од 16 до 23кг.

Monday, May 9, 2016

Историја на сибирски хаски

Сибирската хаска, самоједот и маламутите од Аљаска се видови кои водат потекло од оригиналните „кучиња кои влечат санка“. Неодамнешната ДНК анализа потврди дека ова е еден од најстарите видови на кучиња, како и маламутите од Аљаска. Во овој тип на кучешка раса, зборот „хаска“ претставува подмитување на терминот „ески“ кој бил употребуван од Инуките кои ги направиле првите експидиции во своите земји. По правило, хаските не се крупни ниту дебели. Зборот „сибирска“ потекнува од Сибир, бидејќи се смета дека Ескимите ги употребувале за да преминат по мост и стигнат во Аљаска, но сепак оваа теорија сѐ уште останува енигма за интелектуалците. Постои и опција дека ова име претставувало племенско име на Сибила, поранешни турски номади. Расите кои потекнуваат од ескимските кучиња биле пронајдени во северната хемисвера од Сибир до Канада, Аљаска, Гренланд, Лабрадор и островот Бафин.



Сибирски хаски

    Сибирска хаска е куче со средна големина и густо крзно кое потекнува од источен Сибир. Оваа раса припаѓа на генетската фамилија Шпиц. Препознатлив е по дебелото двослојно крзно, со исправени триаголни уши и со карактеристични обележја. Хаските се активни, енергични и издржливи раси, чии предци потекнуваат од екстремно ладни и сурови средини во Сибир. Водат потекло од Чикучите од северно-источна Азија. Првично биле донесени во Аљаска како кучиња кои влечат санки за време на златната треска но набрзо нивниот статус преминал во кучиња-миленичиња и шоу-кучиња, па така се распространиле во САД и Канада.

Сибирските хаски се уште се употребуваат како кучиња за влечење на санки или тркање со санки. Особено се познати за тркање и се најбрзи од сите слични видови. Денес, овој вид на раса е поделен на кучиња кои се тркаат или кои се изложуваат. Оние кои се тркаат се многу по активни во нозете, се со цел да претрчат повеќе. Додека оние кои се изложуваат се помали и поситни. Освен за тркање со санки, особено се популарни за рекреација. Поради недостатокот на снег во Велика Британија и Австралија, сибирските хаски се одгледуваат и во шума со специјално дизајнирани скутери со две тркала за едно или две кучиња, или со три тркала за три и повеќе кучиња.