Tuesday, May 10, 2016

Изглед на Сибирски хаски

Сибирските хаски ги има во различни бои и стилови, обично со бели шепи и нозе, со обележја на лице и на врвот на опашката. Најчесто застапени бои се бела и црна, црвенишкави или бели, сиви и бели, чисто бели, или пак шарени. Карактеристични се и гримасите на нивните лица. На прв поглед наликуваат на волк.

ОЧИ
Очите на сибирските хаски се ледено-плави, темно плави,килибар или кафени. Кај некои кучиња, едното око може да биде кафено а другото сино или пак едното или двете очи може да бидат „делумно обоени“ т.е. пола кафено- пола сино.Сите вакви комбинации на очи се прифатени од страна на америкнаскиот кучешки клуб, во кој исто така се наведува дека очите им се во форма на бадем.

КРЗНО
Крзното на сибирската хаска е подебело за разлика од другите видови на кучиња и е составено од два слоја: Густ долна основа, додека горниот слој им е покриен со кратки,прави влакна. Тоа го штити кучето од суровите арктички зими, но крзното рефлектира топлина и во лето. Може да издржи температура и до −50 °C и −60 °C. Крзното бара внимателно одгледување, бидејќи долгите влакна кај сибирските хаски претставуваат голема негативност, особено кај кучињата за изложби.

НОС
Во некои случаи, кај хаските се појавува состојба која е позната под името „зимски или снежен нос“. Или пак хипопигментација . Во ваквата состојба, не може да се забележи носот, дали е истакнат или сплескан. Носот кај сивите хаски е црн, кафен кај црните.

ГОЛЕМИНА
Стандардната големина на мажјаците иснесува помеѓу 53 и 60цм, а тежината од 20 до 27 кг. Женките се помали и нивната големина изнесува од 51 до 56 цм, а тежина од 16 до 23кг.

No comments:

Post a Comment