Сибирски хаски
Сибирска хаска е куче со средна големина и густо крзно кое потекнува од источен Сибир. Оваа раса
припаѓа на генетската фамилија Шпиц. Препознатлив е по дебелото
двослојно крзно, со исправени триаголни уши и со карактеристични
обележја. Хаските се активни, енергични и издржливи раси, чии предци
потекнуваат од екстремно ладни и сурови средини во Сибир. Водат потекло
од Чикучите од северно-источна Азија. Првично биле донесени во Аљаска
како кучиња кои влечат санки за време на златната треска но набрзо
нивниот статус преминал во кучиња-миленичиња и шоу-кучиња, па така се
распространиле во САД и Канада.
Сибирските хаски се уште се употребуваат како кучиња за влечење на санки
или тркање со санки. Особено се познати за тркање и се најбрзи од сите
слични видови. Денес, овој вид на раса е поделен на кучиња кои се тркаат
или кои се изложуваат. Оние кои се тркаат се многу по активни во
нозете, се со цел да претрчат повеќе. Додека оние кои се изложуваат се
помали и поситни. Освен за тркање со санки, особено се популарни за
рекреација. Поради недостатокот на снег во Велика Британија и
Австралија, сибирските хаски се одгледуваат и во шума со специјално
дизајнирани скутери со две тркала за едно или две кучиња, или со три
тркала за три и повеќе кучиња.
No comments:
Post a Comment